Еразмус за млади претприемачи е програма за размена на претприемачи, финансирана од Европската унија. Оваа програма нуди можност на младите претприемачи да работат заедно со искусен претприемач во друга земја учесник и да ги зајакнат вештините што им се потребни за развој на бизнисот. Престојот во странство може да трае еден месец со можност за продолжување. Во пракса, ова значи дека програмата се води од мрежа на локални контакт-точки, вклучувајќи стопански комори, инкубатори и други организации кои поддржуваат бизниси, претставени во различни земји-учеснички. Откако ќе ја пополните апликацијата преку Интернет и ќе бидете прифатени за програмата, контактната точка што ќе ја одберете во вашата земја ќе ви овозможи поддршка и помош за пронаоѓање на вашиот претприемач-домаќин. Исто така, ќе добиете практична помош за време на вашиот престој во странство. Како дел од конзорциумот на проектот SEE SMART SMEs (коалиција од Југоисточна Европска коалиција за култивирање на малите и средни претпријатија во Европа) NCDIEL (Национален Центар за иновации и претприемачко учење и BICSR од Струмица, ќе го спроведат системот за поддршка на апликантите.
1. Подгответе се – подгответе ги вашето CV, мотивациско писмо и бизнис план
2. Аплицирајте на bicsr@hotmail.com
3. Пронајдете соодветен претприемач-домаќин со помош на локалните контакт-точки и подгответе се за размена
4. Ќе се направи евалуација на поднесените бизнис идеи и ќе се организира еднодневен натрпревар, најуспешните бизнис идеи ќе бидат наградени со патувања во странство и покриени трошоци за период од 1 месец
5.За повеќе ино0фрмации контактирајте не bicsr@hotmail.com